Поврзете се со нас

НБА

Лејкерс врати три познати имиња во „Стејплс Центарот“

Објавено

на

Започна трансфер лудилото во НБА лигата, а една од екипите која повлече неколку експресни потези е Лос Анџелес Лејкерс.

Клубот од Калифорнија сака одново да создаде квалитетен тим кој може да ја нападне титулата, па затоа веднаш се впушти во акција и врати три добро познати имиња во „Стејплс Центарот“. Имено „езерџиите“ ги добија потписите на Тревор Ариза, Двајт Хауард и Вејн Елингтон, тројца ветерани кои многу добро знаат што значи да се носи овој дрес.

Ариза играше во Лејкерс од 2007 до 2009 кога заедно со Коби Брајант и Пау Гасол станаа шампони. Центарот Хауард пак по третпат се враќа во Лос Анџелес со тоа што во вториот мандат освои прстен со оваа организација.

Елингтон пак мина една сезона во Калифорнија и тоа натпреварувачката 2014-15 во која шутираше со 38.2% за три поени. Во минатата кампања беше дел од Детроит каде имаше просек од 9.6 поени за 22 минути со 42.2% од линијата за три поени.

Тревор, Двајт и Вејн се согласија на едногодишни договори за ветерански минимум. Инаку Лејкерс го дочекува овој период со само четворица играчи на списокот Вестбрук, Леброн, Џејмс и Гасол што значи треба да се пополнат уште осум места во ростерот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни