Поврзете се со нас

Македонија

Легендите живеат вечно: Почина Кирил Дојчиновски, првиот Македонец кој беше дел од СП

Објавено

на

Македонскиот фудбал има своја убава приказна и само неколку имиња можат да се издвојат како најзначајни во историјата, а едно од нив е она на Кирил Дојчиновски.

Спортската јавност во нашата земја со огромно жалење денеска ја прима веста за смртта на македонската фудбалска легенда, која замина во вечноста во 78-та година од својот живот.

Фудбалското богатство кое го остава Дојчиновски прави да биде фудбалски бесмртник и легенди како него живеат вечно, бидејќи покрај тоа што се докажа како фудбалер, беше и докажан фудбалски стручњак и го тренираше и Емилио Бутрагењо, прославениот играч на Реал Мадрид.

Дојчиновски најмногу ќе остане запаметен по тоа што стана првиот Македонец во историјата кој беше дел од едно Светско првенство, она во Западна Германија во 1974-та година како претставник на Југославија.

Своите фудбалски почетоци ги бележи во Вардар, каде како тренер и ја заврши својата кариера. Играше за Црвена Звезда и француските Троја и Париз. Како тренер работеше во Ел Салвадор, каде што беше и селектор, а ги предводеше и Вардар, Пелистер, Македонија ЃП, Брегалница (Ш), Брегалница (Д) и неколку тима од Ел Салвадор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни