Поврзете се со нас

АТП

Легендите импресионирани од новата тинејџерска сензација: Тој ќе биде број еден за најмногу три години

Објавено

на

Шпанецот Карлос Алкарас е тенисерот за кого најмногу се говори во текот на денешниот ден, а причината за тоа е неговата импресивна победа над третиот светски рекет Стефанос Циципас во 1/16 финалето на Ју-Ес Опен.

Тинејџерот успеа по голема борба да слави со 3-2 над Циципас и со тоа да ги освои симпатиите на јавноста. Тој во мај годинава наполни само 18 години, па оваа победа и досегашниот настап е доказ дека пред него е блескава иднина, кариера.

Карлос успеа да импресионира голем број на легенди, играчи кои оставиле трага во овој спорт, а најдиректниот коментар за него го имаше некогашниот најдобар тенисер на светот, Евегени Кафалников.

-Алкараз ќе биде број еден за максимум три години, -напиша Русинот.

-Прв пат коментирам меч на Алкараз и веќе сум негов фан. Тенисот има блескава иднина, -порача пак Борис Бекер.

-Браво Алкараз, -напиша Давид Ферер, а коментари имаа Викарио, Кореча…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни