Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Легендарниот Луческу со став: Немам видено посреќен тим од Реал, ќе ја освојат Лигата на шампионите

Објавено

на

Легендарниот романски стратег, Мирчеа Луческу од родната Романија го прокоментира пласманот на Реал Мадрид во финалето од Лигата на шампионите.

„Кралевите“ во последните моменти од реванш полуфиналната пресметка со Манчестер Сити изборија продолженија, а потоа постигнаа уште еден погодок и на крај се пласираа во големото финале каде силите ќе ги одмерат со Ливерпул.

Луческу истакна дека никогаш во неговата кариера не видел толку среќен тим како овој на Реал Мадрид кој на крајот ќе стигне и до најпосакуваниот клупски трофеј во фудбалска Европа.

– Немам видено посреќен тим од овој на Реал Мадрид. Ако продолжат по овој извонреден пат на кој сите пласмани во следната фаза ги стекнаа во последните моменти тие ќе го освојат трофејот, -изјави Луческу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни