Поврзете се со нас

Италија

Легенда на Интер пред дербито: Не гледам како Милан би го неутрализирал средниот ред на Инѕаги

Објавено

на

Милан и Интер им се враќаат на натпреварите во Серија А со меѓусебна пресметка, а градското дерби ќе има сериозно влијание и во битката за шампионската титула.

Легендата на Интер, Никола Берти, делува убедено дека Интер е голем фаворит на оваа средба, пред се поради квалитетот на играчите од средниот ред.

– Победникот ќе се решава во средниот ред, а според мене Милан нема шанси да го добие овој натпревар.

– Играчите на Инѕаги од оваа линија делуваат како да играле заедно цел живот, ги имаат потребните интензитет и хармонија.

– Пиоли може да се обиде да го „смири“ Брозовиќ назначувајќи му чувар-питбул како Кеси, но тоа само ќе отвори повеќе простор за Чалханоглу и Барела. Ова ќе биде натпревар на Барела, очекувам да има решавачка улога, посебно што е суспендиран за натпреварите со Ливерпул, – изјавил Берти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни