Шпанија
Легенда на Барселона: Знам дека е тешко, но Меси не треба да се врати на „Камп Ноу“
Барселона посакува да го врати Лионел Меси во своите редови, самиот играч го сака тоа сценарио, но има и други фактори кои влијаат да се комплетира оваа зделка, повторно да се спојат Аргентинецот и шпанскиот великан.
Каталонците се обидуваат да пронајдат решение, формула, таборот на Меси пак притиска затоа што има и други понуди на маса, па останува неизвесно дали големиот шампион може да се врати дома во клубот во кој се промовираше, прослави и ги мина најубавите, најдобрите денови од кариерата.
И додека трае целата драма, свое мислење на темата даде легендата на Барселона, Карлес Рексач кој долги години мина како играч и како тренер, а воедно е и голем навивач на клубот.
-Како човек кој целиот живот навива за Барселона, ова ќе го кажам: да сум на местото на Меси, немаше да се вратам во Барса. Знам дека тоа е тешка одлука бидејќи за него овој клуб има сентиментална вредност и тука се чувствува како дома, овде дојде како дете. Да се прашува срцето, би се вратил, но ако вклучи логика и ја анализира целата ситуација, многу ризикува со враќањето. Тој ризикува пред се навивачите кои нормално го обожаваат еден ден да го исвиркаат, бидејќи во фудбалот нема сеќавање, а да се биде Меси бара преголеми, речиси нечовечки очекувања. На пример, погледнете го Левандовски – тука постигна 23 гола и сите му аплаудираат. Меси постигна 21 гол за ПСЖ и на крајот беше испратен со свирежи, -вели Карлес во колумна за „Мундо Депортиво“.
-Овде една работа е очигледна: Ако Меси се врати, тоа нема да биде за пари. Тоа што му се нуди во Саудиска Арабија е далеку поголемо од она што може да го добие во Барселона. И ми пречи што финансискиот аргумент за неговото враќање сега е спротивен од оној што беше направен пред две години за да се објасни неговото заминување. Тогаш рекоа „не можеме да му платиме“, а сега велат „неговото доаѓање генерира пари“ за клубот. Како навивач на Барселона, мислам дека во иднина ќе дојде време кога ќе се врати во клубот, -порача Рексач.
-
Англијапред 24 часа
Де Брујне го постигна првиот гол со глава, Сити убедлив на „Амекс“ (ВИДЕО)
-
НБАпред 15 часа
Денвер повторно ги преслуша Лејкерс, Ембид броеше до 50 во триумфот на Филаделфија
-
Шпанијапред 11 часа
„Мундо Депортиво“ објави ново видео и заклучи: Барселона е оштетена за чист гол (Видео)
-
Евролигапред 23 часа
Реал на чекор до фајналфорот, Панатинаикос израмни против Макаби (ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 24 часа
Барселона со пеколно второ полувреме го разби ПСЖ, Веспрем во последната секунда го матираше Алборг (ВИДЕО)
-
Формула 1пред 12 часа
Голем удар за Ред Бул: Адријан Њуи најавил дека планира нов предизвик
-
Англијапред 16 часа
Гвардиола не се согласува со Клоп и Ван Дајк и одговори со различен став
-
Шпанијапред 8 часа
Промена во последен момент: Белингам во составот, друга ѕвезда на Реал отпадна за дуелот со Сосиедад