Поврзете се со нас

Англија

Легенда на Арсенал одбра засилување за „топчиите“: Тој е топ играч

Објавено

на

Арсенал е доста активен на трансфер пазарот каде се обидува да дојде до неколку зделки и со тоа создаде доста компетитивен тим за наредната сезона.

Веќе комплетирани се неколку засилувања (Маркињос, Виеира, Тарнер), договорен според информациите е и Габриел Жезус од Манчестер Сити, но клубот од Лондон нема тука да застане и сака да доведе уште едно име во офанзивната линија.

Се зборува за Рафиња од Лидс и Ришарлисон од Евертон, а легендата на клубот Реј Парлоу се обиде да помогне и избере меѓу овие двајца Бразилци.

-Тој (Рафиња) е врвен играч. Мислам дека секој клуб ќе биде заинтересиран за Рафиња. Мислам дека Ришарлисон е врвен играч, не ме сфаќајте погрешно, но мислам дека понекогаш е малку неконзистентен, мора да го играте на вистинската позиција.

-Ама Рафиња покажа дека е топ играч сигурен сум дека многу клубови ќе го сакаат неговиот потпис, -порача Реј за „Токспорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни