Поврзете се со нас

НБА

Леброн по соочувањето со Дурент: Не ни остануваат уште многу битки (ВИДЕО)

Објавено

на

Лос Анџелес Лејкерс ја запиша првата победа во натпреварувачката 2023/2024 и тоа против Феникс Санс кој падна во Калифорнија со резултат 100:95.

„Езерџиите“ одиграа пеколна четврта четвртина во која му дозволија на противникот само 11 поени (28-11) и со тоа си го отворија патот за пресврт и триумф на ова соочување.

Воедно ова беше прв дуел на големите Леброн Џејмс и Кевин Дурент по пет години, истиот го доби Кеј-Ди (39 поени, 11 скокови), меѓутоа победата ја однеси тимот на „кралот“ што секако е најважно.

-Имавме толку многу битки и не ни преостануваат уште многу дуели. Не сум сигурен уште колку ќе има, така што никогаш не сакате да ја земете здраво за готово можноста да играте против толку голем играч, еден од најдобрите што некогаш ја играле оваа игра. Секогаш е задоволство. Секогаш е забавно, -рече Леброн и додаде:

-Тој е природен кошгетер. Имате такви играчи кои влегуваат во лигата и знаете дека не можете да направите ништо против тоа. Кармело Ентони е еден од тие играчи. Ален Ајверсон е еден од нив. Кевин Дурент е еден од нив. Може само да се надевате дека ќе промаши. Се обидувате да ја одиграте најдобрата одбрана и можеби да добиете неколку загубени топки од нив, да им отежнете малку. Се чувствуваме како да му отежнавме максимално да дојде до тие 39 поени, -заклучи ветеранот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни