Поврзете се со нас

НБА

Леброн и Лејкерси направија неверојатен пресврт против Дончиќ и Ирвинг, Јокиќ издоминира со 99. трипл-дабл (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Lakers

НБА лигата понуди навистина возбудлива ноќ вечерта од недела кон понеделник и имаше неколку средби кои беа навистина тесни, а се започна со пресметката во Американ Ерлајн Центарот.

Далас важеше за голем фаворит против Лос Анџелес Лејкерс и го оправда тоа во првите две четвртини, во кои во еден момент имаше предност и о 27 поени разлика и навести дека може да ги декласира „езерџиите“.

Највисоката предност изнесуваше 48:21 на средина на втората четвртина, но од тој момент стартуваше сензационалното враќање на Леброн Џејмс и компанија, со тоа што „кралот“ имаше нависитна специјална поддршка од Ентони Дејвис и Џеред Вандербилт кој одигра спектакуларно во одбрана, но и во напад.

Лејкерс успеа да намали на минус 14 до крајот на полувремето, а потоа комплетно се врати и на крајот заслужено победи со 108:111 против ѕвезедениот тим на кој лидери се Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг.

Дејвис го заврши мечот со 30 поени и 15 скокови, Леброн уфрли 26 поени, а Вандербилт имаше учинок од 15 поени и дури 17 скокови. Во поразениот тим, Дончиќ постигна 26 поени, додека Ирвинг го заврши мечот со 21.

Возбудливо беше и во Денвер каде се играше продолжение, но Нагетси успеаја да победат предводени од Никола Јокиќ, кој со својот 99-ти трипл-дабл во НБА лигата одново се прикажа во МВП издание. Србинот го заврши мечот со 40 поени, 17 скокови и 10 асистенции, а пресудно за победата над Лос Анџелес Клиперс беше продолжението од пет минути во кое Денвер славеше со 14:4 (134:124).

НБА резултати:

Далас – Лејкерс 108:111
Кливленд – Торонто 118:93
Оклахома – Сакраменто 115:124
Голден Стејт – Минесота 109:104
Портланд – Хјустон 131:114
Денвер – Клиперс 134:124

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни