Македонија
Лазаров со поддршка за Червар: Вистината е како лав, ќе се избори и ќе се докаже!

Тренерот на Металург, Лино Червар, ја искористи прес конференцијата пред дуелот од ЛШ со Кадетен Шауфхаузен да демантира написи од медиумите кои го поврзуваат со заминување од Македонија, но потенцираше дека изворот на таквите шпекулации е од тие на кои тој им пречи.
Вестите за наводното затајување на данок и нудење на своите услуги на Веспрем хрватскиот стручњак ги оцени како манипулација со неговото име, што го почувствувал и капитенот на националниот тим, Кире Лазаров, кој му испратил порака на поддршка, а Червар ја прочита на прес конференцијата.
– Чувствувам како да се прави кампања против мене, дека пречам некому. Тоа не е добро ниту за мене, ниту за моето семејство, да бидам прислушуван и да излегуваат стории дека сум примал плата кога играчите не земале ниту денар, како и дека сум човек кој не плаќа данок и еден од набогатите во Македонија. Сето ова ме натера да се потсетам на изреката од Черчил, дека „лагата ќе го обиколи светот додека вистина ги облече панталоните“, – рече Червар, одговарајќи на новинарското прашање на „Дерби“ по повод шпекулациите за можно заминување од Скопје. – Сакам да ви прочитам една порака која ми ја прати Лазаров. Добивам поддршка од него, а тоа многу ми значи. „Не мора да ја браниш вистината, таа е како лав и еден ден самата ќе се докаже. Опуштено, вистината секогаш на крајот ќе се појави“. Ова ми го прати Киро и навистина се надевам дека тоа што ми го напиша ќе успее да се оствари. Тоа се зборови на Свети Антонио, а јас верувам во Господ и верувам дека вистината ќе излезе на виделина. Дојдов во Македонија со огромна желба да работам, тоа го правам веќе многу години, но очигледно веќе на некого му пречам, – потенцираше тренерот на Металург кој за крај демантираше дека остварил било каков контакт со некои од луѓето од Веспрем.
– Не сум разговарал со ниту едно службено лице од Веспрем, моето реноме не ми дозволува да се нудам на некому. Јас ли треба да се нудам? Тоа ќе биде како да плукнам на сиот свој вложен труд во изминативе години зад мене, – заврши Червар, кој потенцираше дека ваквите вести биле пласирани на неговиот 65 роденден, додека прославувал со семејството.
-
Балканпред 13 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 23 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд
-
Шпанијапред 22 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)
-
Шпанијапред 17 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Шпанијапред 3 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик
-
Шпанијапред 4 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 4 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки