Поврзете се со нас

Свет

Лазаров и Нант ја продолжија победничката серија во Франција

Објавено

на

Ракометарите на Нант ја продолжија победничката серија во првата лига на Франција, а со тоа воедно на најдобар можен начин го најавија реваншот против Веспрем во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Ова попладне Кире Лазаров и неговите соиграчи беа подобри од Истр со 33-26. Првиот дел мина во израмнета игра и дружината на Алберто Ентрериос имаше предност од само еден погодок (13-12), но во вторите 30 минути фаворитот го разби противникот пред се со ефикасна игра во нападот (20-13).

Лазаров даде само еден гол и тоа од пенал, Ривера со седум погодоци беше лидер на листата на стрелци.

За Нант ова беше шесто славје во низа во Лидл Старлигата, со вкупно 39 бода го зазема третото место во шампионатот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни