Поврзете се со нас

Свет

Лазаров доби „шпалир“ од соиграчите, Нант му се поклони на „кралот“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонската ракометна легенда, Кирил Лазаров го одигра својот последен лигашки меч во својата кариера и тоа во дресот на Нант, тим кој го декласираше Тулуз до 32-18 во првата француска лига.

Домаќините беа расположени за игра, шоу, а свој придонес даде нашиот Лазаров кој имаше перфектни три од три со една асистенција. Овој последен танц на Кире беше поздравен од публиката во Нант, управата на клубот која се збогуваше на достоинствен начин, а нашиот голем ас и воедно сега селектор доби „шпалир“ од соиграчите како вистински шампион.

Пред Кире и Нант има уште еден завршен предизвик, финалето на Купот на Франција против ПСЖ што е добра можност Македонецот со трофеј да се одјави и замене во играчка пензија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни