Поврзете се со нас

Италија

Лаутаро збесна откако беше заменет од Конте (Видео)

Објавено

на

Интер ги освои бодовите против Џенова во рамките на петтото коло од Серија А, но тренерот Антонио Конте ќе мора да се соочи со прашањата поради нервозното однесување на Лаутаро Мартинез.

Аргентинецот денеска беше стартер, но реагираше пренервозно откако беше заменет во второто полувреме.

Конте реши да го повлече Лаутаро при водство од 0:1, поточно во 72. минута, а неговото место го зазема Пинамонти.

Камерите го фатија фудбалерот на Интер како нервозно и силно удира по клупата за резервни фудбалери, а снимката веднаш стана актуелна на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни