Поврзете се со нас

Свет

Лаутаро погоди за победа на Аргентина, Бразил пресилен за Уругвај (Видео)

Објавено

на

Аргентина и Бразил ги потврдија фаворитските улоги во јужноамериканските квалификации, остварувајќи важни победи над Перу, односно Уругвај.

Бразилците му нанесоа уште еден тежок пораз на Уругвај (4:1), во натпревар на кој гол-серијата ја отвори Нејмар, за подоцна Рафиња да постигне два погодока, а во листата на стрелци се запиша и Габриел Барбоса.

Суарез го постигна единствениот гол за гостите во Манаус.

Лаутаро Мартинез постигна гол со глава во 43. минута, а истиот беше доволен за Аргентина да го победи Перу со 1:0 и да им побегне на ривалите кои се борат за мундијалска виза.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни