Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта ги фрли во транс навивачите по прашањето дали би го ангажирал еден од најбараните играчи

Објавено

на

Жоан Лапорта е сериозен претендент за претседателската позиција во Барселона што би значело негово враќање на оваа функција по 2010 година.

Лапорта ќе води битка со Виктор Фонт и Тони Фреикса на изборите кои се закажани за следниот месец, а според многумина тој е првиот фаворит за позицијата.

Сега во интервју за шпанските медиуми, Лапорта одговараше на најразлични прашања поврзани со Барселона, а даде одговор и на прашањето дали каталонците можеби ќе тргнат по услугите на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.

– Ако мора да го подобриме тимот, јас си имам свои карти и подготвен сум да играм. Тоа е поради искуството, знаењето и познантствата со луѓето кои би можеле да интервенираат во ситуациите, -кратко одговори Лапорта алудирајќи на неговите блиски конекции со агентот на Халанд, Мино Раиола.

Меѓу другото, Лапорта испрати порака до навивачите да не се грижат за иднината на Барселона затоа што клубот наскоро повторно ќе биде силен.

– Сакам да испратам порака до навивачите на Барселона да не се грижат, повторно ќе бидеме економски одржливи и ќе бидеме доста силни, -заврши Лапорта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни