Поврзете се со нас

Балкан

Лалатовиќ направи голманска замена во стилот на Ван Гал, Војводина преку пенали до полуфинале (Видео)

Објавено

на

Последното четвртфинале од српскиот фудбалски куп ја официјализираше Војводина како последен патник во следната рунда на ова натпреварување.

Составот од Нови Сад вечерва доминирал против Младост, но по 0:0 во регуларните 90 минути, победникот беше решен по изведување пенали.

Гостите не реализирале еден удар од белата точка и на тој начин го испратија противникот во полуфиналето, а домашниот тренер Ненад Лалатовиќ направи интересен потег, откако во последните моменти од дуелот ги замени голманите.

Во игра влегол 192 сантиметри високиот Никола Симиќ кој очигледно е посигурна варијанта за бранење пенали, иако тој немаше одбрана, откако вечерва Младост промаши еден пенал и тоа Павловиќ не ја погоди ниту рамката на голот.

Ако ништо друго, Лалатовиќ потсети на контроверзниот потег на Луи ван Гал, кој за време на мундијалскиот дуел меѓу Холандија и Костарика во 2014 година, го замени Јаспер Силесен на истекот на продолженијата и во игра го уфрли Тим Крул кој бранеше пенали.

Војводина во полуфиналето на српскиот куп им се придружи на Црвена Звезда, Партизан и Чукарички.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни