Поврзете се со нас

Италија

Кварацхелија ќе му биде конкуренција на Елмас во Наполи: Ми рекоа дека еден број не смее да се допре

Објавено

на

Квича Кварацхелија одигра импресивно добро на гостувањето во Скопје на почетокот на овој месец и тогаш Вили Сањол потврди дека крилниот напаѓач направил трансфер во Наполи, а сега пристигна прва изјава од фудбалерот за реализираниот трансфер.

Елиф Елмас добива нов соиграч во Наполи и директна конкуренција за крилната позиција на левата страна, па јасно е дека двајцата ќе се борат за свое место во стартната постава на Спалети, тренер кој всушност одиграл важна улога за ангажманот на Грузиецот.

– Разговарав со Спалети и тој ми порача дека многу сака да работи со мене и дека гледа голем простор за напредок. Поради тоа и јас имам голема желба да работам со него. По разговорот кој го имав со него, го избрав Наполи. Тој ми објасни како функционира Серија А и подготвен сум за голем скок во кариерата.

Грузиецот кој има 21-година ќе биде официјално играч на Наполи од први јули, но пред пристигнувањето, му било порачано дека не смее да бира само еден број.

– Се уште не знам дали ќе го носам дресот со број 77 или дресот со број 18. Само знам дека „10-та“ не смее да биде допрена бидејќи истата му припаѓа на Марадона, – дополнува Квича.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни