Поврзете се со нас

Европски купови

Кушан: Знаеме кои се најсилните страни на Левен, нашата цел е да победиме

Објавено

на

Ракометарите на Еурофарм Пелистер против германскиот прволигаш Рајн-Некар Левен ќе го одиграа третиот меч од групната фаза на Лигата на Европа.

„Лавовите“ од Манхајм на хартија се големи фаворити за победа, меѓутоа тој статус ќе мора да го потврдат на теренот. Битолчани се свесни дека играат против тим кој е во одлична форма, состав кој е многу квалитете, но во исто време веруваат дека можат да направат нешто повеќе на оваа средба.

-Мислам дека двата натпревари добро ги одигравме. На првиот немавме среќа и загубивме на второто најтешко гостување во групата. Против Кадетен Шафхаузен исто така бевме добри, посебно во првиот дел, но немавме сили да го извлечеме целиот натпревар. Тој карантин кој сите го прележавме скапо нè чинеше.

-Мечот против Рајн Некар Левен сигурно е најтешко гостување. Се работи за најквалитетна екипа во натпреварувањето. Но, ќе играме на победа и ќе дадеме максимум, па што сака нека биде. Најголем квалитет им е полуконтра и контра, играат брз ракомет. Често комбинираат со кружниот напаѓач, нивниот среден бек е еден од најдобрите во светот, Енди Шмит. Тоа се нивните најсилни страни кои ќе се обидеме да ги затвориме, -порача пикерот Томислав Кушан.

Вечерашната средба во Германија започнува во 20:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни