Поврзете се со нас

Шпанија

Куман за изненадувачкиот голгетер кој го доби во Барса: Полека станува комплетен играч и тоа е многу добро за нас!

Објавено

на

Барселона го избра потешкиот пат за да се пласира во четвртфиналето во Купот, но сепак на крајот ја оствари зацртаната цел и ако ништо друго, не играше дополнителни 30 минути како на мечот против Корнелја.

Каталонскиот гигант пропушти голем број сериозни шанси при резултат 0:0 и беше казнет со гол на Рајо Валјекано во 64-та минута, но сепак избраниците на Роналд Куман успеаја навреме да се приберат и постигнаа два гола за пресврт пред истекот на регуларните 90 минути.

Лионел Меси беше стрелец на израмнувачкиот гол, додека Френки Де Јонг со погодокот за 1:2 ја потврди својата фантастична форма и полека се истакнува како изненадувачки голгетер во тимот на Куман. Ова беше трет гол на последните четири натпревари кои ги одигра Холанѓанецот и вкупно петти од стартот на сезоната, по што Куман не пропушти да нагласи дека Френки се претвора во комплетен фудбалер.

– Играчот е тој кој реши да се промени. Сега игра многу понапред во средината, потребен ни беше играч за врска кој почесто стига до противничкиот шеснаесетник. Тој има квалитет да истрча и да стигне на време, има знаење да шутне и да даде пас во празно во точен момент. Знам дека Френки има огромни квалитети за да ни помогне во креацијата на акцијата од позади, но исто така сфативме дека може многу да ни даде и во нападот.

– Зборувавме на оваа тема со него и сфативме дека мора да дава повеќе голови од само еден по сезона. Сега е покомплетен играч од Ајакс, полека станува комплетен фудбалер. Неговата креација во нападот прави да имаме повеќе опции за постигнување голови. Играчот реши да се смени и тоа е многу добро за нас, – нагласи Куман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни