Поврзете се со нас

Шпанија

Куман во отворена војна со Лапорта: Зборуваше премногу, Барселона има иднина благодарение на мене!

Објавено

на

Жоан Лапорта јавно проговори дека размислува да му понуди нов договор на Роналд Куман, но со поставени неколку услови кои очигледно воопшто не му се допаѓаат на холандскиот стручњак.

Претседателот на Барселона во споменатото интервју говореше и за тоа како треба да изгледа тимот и поставеноста на теренот, ставови кои сега наидоа на жесток одговор од страна на Куман кој влезе во вербална војна со претседателот преку медиумите, која сигурно ќе мора дополнително да ја решат очи во очи.

– Мојот однос со Лапорта се подобри во последно време, но минатата седмица се случи нешто што не требаше да се случи, нешто што не беше добро. Почна да се говори дека тренерот го нема главниот збор околу составувањето на тимот, излегоа непотребни информации во јавноста.

– Лапорта зборуваше премногу и не беше внимателен во тоа што го збореше. Тоа што го кажа, најдобро е да ми го каже приватно, не смее да се каже тоа во јавноста. Тоа е единствениот проблем во оваа ситуација која стана актуелна, – вели Куман во интервјуто за холандската телевизија „НОС“ и додава.

– Отворен сум за останување во Барселона, се чувствувам навистина добро тука. Благодарение на мене, овој клуб и овој тим имаат иднина и покрај се што се случи, – завршува Куман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни