Поврзете се со нас

Шпанија

Куман: Ова темпо е погубно за фудбалерите

Објавено

на

Роналд Куман го искажа своето незадоволство од густиот распоред во денешниот фудбал, потенцирајќи дека ваквиот пристап е погубен за фудбалерите.

Тренерот на Барселона во интервјуто за „Марка“ уште еднаш апелираше да се преземе нешто по ова прашање, бидејќи најважно треба да биде здравјето на фудбалерите.

– Мислам дека ова треба да заврши, бидејќи ги „убиваме“ фудбалерите.

– Невозможно е да продолжиме вака, се надевам дека еден ден ќе биде донесена одлука со која ќе ги спасиме фудбалерите од ова мачење.

– Секој тренер може да има различно мислење за распоредот, но според мене тој е погубен, – изјавил Куман, алудирајќи на големиот број повреди.

Барселона викендов му гостува на Бетис, за неколку дена подоцна да игра против Севилја во купот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни