Шпанија
Куман: Лапорта ме излажа дека Меси ќе потпише нов договор со Барселона

Роналд Куман имаше добри и лоши моменти на кормилото на Барселона, поточно беше во клубот кога имаше многу турбеленции, а дефинитивно најголемата беше загубата на Лионел Меси.
Меси поради финансиски причини мораше да си замине од клубот пред почетокот на сезоната 2021/2022, сезона во која по само неколку месеци отказ доби холандскиот стратег.
-Жоан Лапорта (претседателот на Барселона) ме излажа. Ми рече дека утре ќе биде потпишан нов договор со Меси, а Аргентинецот наредниот ден го напушти клубот. Тој човек не заслужи да си замине на тој начин. Доста беше против мене. Проблемот е кога претседателот се сомнева во вас. Меѓутоа, ако би имал шанса да се вратам, би го сторил тоа. Јас ја сакам Барселона, -вели Куман кој смета дека требал да добие поголема поддршка од клубот.
-Морам да бидам искрен и да кажам дека игравме без публиката една година. Не очекував да си заминат Меси и Гризман. Минав низ многу, никогаш не верував дека може да се случат одредени работи, но тоа е живот и ние мора да го прифатиме. Морав да си одговорам на бројни прашања, а тоа не беше моја работа. Верувам дека заслужив поголема поддршка од клубот. Отказите се дел од фудбалот, а јас од техничка страна му донесов многу на клубот, -истакна легендата на каталонците.
-
АТПпред 23 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Светпред 21 час
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
АТПпред 10 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Шпанијапред 22 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал
-
Англијапред 24 часа
Нема да може да се расфрла со пари: Њукасл има ограничени финансиски средства за летниот преоден рок
-
Лига на шампионипред 22 часа
Халанд: Финалето ќе биде посебно, имаме мисија која…
-
Лига на шампионипред 20 часа
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…
-
Лига на шампионипред 10 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето