Италија
Креспо: Италијанскиот Куп не е доволен за Интер, клубот треба да цели…

Интер важеше за фаворит за пехарот во Серија А во изминативе сезони, меѓутоа тешко доаѓа до популарното Скудето, па така лани градскиот ривал Милан им го грабна пред нивни очи, додека пак во актуелнава кампања има сериозен минус зад лидерот Наполи и ќе треба да се случат многу работи, целосен пресврт Елмас и компанија да испуштат предност од 13 поени.
Од друга страна „нероаѕурите“ го совоија Супер Купот на Италија и се во самата завршница (полуфинале) на Купот, ама според легендарниот Ернан Креспо тоа не е доволно за тим како Интер кој мора да цели кон пехарот во Калчото.
-Не е тешко да разбере што се случи со Интер во оваа сезона. Тие не беа константни. Настапите се менуваа на почетокот на сезоната и во последно време. Погледнете го само шокантниот пораз од Емполи. Тимот треба да цели кон Скудето. Освојувањето на Купови не се доволни ако не зборуваме за Лигата на шампионите. Интер треба да достигне зрелост. Мора да продолжи да се развива со идејата за следната сезона, -порача Аргентинецот кој имаше две епизоди на „Џузепе Меаца“.
-
Германијапред 23 часа
Салихамиџиќ распали по ѕвездите на Баерн, Нагелсман порача: Ако не победиме на дербито, ќе останеме без титула
-
Шпанијапред 19 часа
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
Италијапред 19 часа
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
АТПпред 23 часа
Медведев со урнебесен говор ги изнасмеа сите присутни по поразот во финалето (Видео)
-
Францијапред 24 часа
Нова серија напади за Лео: Разочараниот Меси немаше време за навивачите на ПСЖ (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Англија остана без најдобриот играч за дуелите со Италија и Украина
-
Формула 1пред 21 час
Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)
-
Светпред 13 часа
Направи големо изненадување, па доби „шут карта“: Клосе заработи отказ во првиот тренерски предизвик