Поврзете се со нас

Италија

Ковид-19 повторно прави проблеми во Италија, одложен еден натпревар од Серија А

Објавено

на

Третиот бран на коронавирусот во Европа повторно почна да прави сериозни проблеми на фудбалските терени.

Голем дел од играчите повторно почнаа да покажуваат позитивни тестови, па така клубовите и лигите се приморани да одложуваат натпревари.

Таков е случајот со натпреварот кој требаше да се одигра помеѓу Интер и Сасуоло овој викенд. Средбата е одложена откако коронавирусот сериозно навлезе во редовите на Интер.

Веќе се потврдени позитивните тестови на Стефан де Фрај, Матијас Весино, Данило Дамбросио и Самир Хандановиќ, па од клубот побараа и добија одложување на средбата со Сасуоло.

Дополнително од Интер нема да им дозволат на своите фудбалери да патуваат на репрезентативните обврски во пресрет на квалификациите за Светското првенство во Катар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни