Поврзете се со нас

Свет

Костадинов стрелец во Куп победата на Ружомберок

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Тихомир Костадинов се запиша во листата на стрелци во денешната победа на Ружомберок во Купот на Словачка.

Прволигашот го потврди статусот на фаворит и на гостувањето кај Нове Место славеше со убедливи 6-0 во 1/32 финалето на ова натпреварување. Ружомберок уште во првото полувреме дојде до предност од 4-0, а еден од головите беше дело на Костадинов во 30 минута.

Нашиот фудбалер беше активен само во првиот дел, односно потоа неговото место го зазема Кубик.

Сега за Тихомир и компанија следи првенствиот меч против Дунајска Стреда закажан за 18 септември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни