Поврзете се со нас

Репрезентација

Кошаркарите претрпеа тежок пораз од Црна Гора на првиот тест во Скопје

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација на Македонија претрпе тежок пораз од Црна Гора од 81:59 на првиот од двата закажани меча во СЦ „Јане Сандански“.

Нашиот националец тим немаше решение за расположените Црногорци кои во Скопје допатуваа без Бојан Дубљевиќ, Џастин Кобс и НБА ѕвездата, Никола Вучевиќ. Во првиот дел „црвено-жолтите“ беа рамноправни и не му дозволија на противникот да се одлепи (34-38), меѓутоа во вторите 20 минути не можевме да го испратиме противникот ниту офанзивно, ниту дефанзивно, па на крајот загубивме со 22 разлика.

Ова дефинитивно не беше посакувано деби за Драган Бајиќ на нашата клупа, но тој правеше доста ротации за да има појасна слика со што располага во моментов.

Шанса за подобар меч, реванш против Црногорците ќе имаме веќе на 4 август исто во „Јане Сандански“.

МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА     59:81 (15-21; 19-17; 9-19; 16-24)

МАКЕДОНИЈА: Крстевски 7, Ефремовски -, Трајковски 8, Стајиќ 0, Николов 8, Марковски 0, Робев 2, Магдевски 4, Мекиќ 12, Какруки 2, Зекири-, Андоноски 8, Миловановиќ -, Вајли 8, Симиќ 0;

ЦРНА ГОРА: Дробњак 9, А. Поповиќ 4, Д. Николиќ 5, Радончиќ 10, Врбица 2, П. Ѓуришиќ 2, Тодоровиќ 6, Кљајиќ 0, Баровиќ -, З.Николиќ 8, Миковиќ -, П.Поповиќ 17, Н.Ѓуришиќ 4;

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни