Поврзете се со нас

Репрезентација

Кошаркарите ќе се подготвуваат за олимписките претквалификации, Јончевски го соопшти списокот

Објавено

на

Машката сениорска репрезентација на Македонија во понеделник ќе ги започне подготовките за настапот на претквалификацискиот олимписки турнир, кој од 12 до 20. август ќе се одржи во Талин (Естонија) и Гљивице (Полска).

Селекторот Александар Јончевски и неговите соработници од стручниот штаб, го одредија поширокиот список на кошаркари на кои ќе смета за наредните репрезентативни активности.

Подготовките стартуваат во понеделник од 18.часот, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, со првиот тренинг под водство на Јончевски, кој ќе биде од затворен тип.

Селекторот на поширокиот состав ги избрал најдобрите македонски кошаркари кои му се на располагање, а и овојпат репрезентацијата ќе биде засилена со натурализираниот Ти-Џеј Шортс.

ПОШИРОК СПИСОК НА МАШКА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

(за олимписки претквалификациски турнир-Талин-Гљивице 2023)

Војдан Стојановски

Ненад Димитријевиќ

Ти-Џеј Шортс

Андреј Јакимовски

Андреј Магдевски

Адем Мекиќ

Андреј Маслинко

Стојан Ѓуроски

Дамјан Робев

Виктор Ефремоски

Љубомир Младеновски

Андреј Андоноски

Теодор Симиќ

Андреј Шошкиќ

Резарт Мемед

Марин Петков

Андреј Митревски

Амар Хот

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни