Поврзете се со нас

Англија

Конте влегол во жестока расправија и со ѕвезда на Челси во тунелот: Се случуваат такви работи….

Објавено

на

Инцидентот меѓу Антонио Конте и Томас Тухел е најкоментирана вест во Англија, но сепак тоа не било единственото лошо што се случило по крајот на дербито во Лондон.

Италијанецот и Германецот имаа две непријатни епизоди на теренот и се прикажаа во доста лошо светло, но тензијата продолжила и во подтрибинскиот простор, односно во тунелот кон соблекувалните.

Капитенот Аспиликуета му замери на Конте за неговиот однос пред да го напушти теренот, но според англиските новинари, Конте имал доста пожестока расправија и близок контакт со Хрватот Матео Ковачиќ кој денеска не играше поради повреда.

Конте не даде преголема важност на инцидентот со Томас Тухел и порача дека само одговорил на агресијата, додека препирката со Ковачиќ ја окарактеризира како момент на емоција после драматичен натпревар.

– Не е важно тоа што се случи со противничкиот менаџер, не сакам да зборувам многу за тоа. Ќе го прифатам црвениот картон и немам никаков проблем. Дури и да го имаме, тоа е меѓу мене и Тухел и нема да зборувам со вас. Јас не сум пасивен, ако видам агресија, покажувам агресија.

– Сакам да зборувам за фудбал. Челси беше подобар од нас, но овојпат постигнавме два гола. Последните натпревари не им дадовме гол, сега дадовме два и освоивме бод. Ковачиќ? Ниту тоа не е важно, можат да се случат такви работи кога страста е зоврена и има многу емоции по крај на еден меч, – изјави Конте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни