Поврзете се со нас

Шпанија

Колумбиска лекција за Шпанија: Диаз му ја сокри топката на Вивијан, Муњоз погоди акробатски (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/SEFutbol

Шпанија и Колумбија синоќа се сретнаа во пријателски натпревар кој се играше во Лондон, а европската селекција ќе сака што побргу да го заборави дуелот на кој не успеа да постигне гол, а притоа беше целосно надиграна во 61. минута.

Колумбијците максимално го искористија својот талент за да реализираат акција, со која и го решија победникот, а која започна со одлично додавање на Хамес Родригез.

Топката стигна кај Луис Диаз, а ѕвездата на Ливерпул со неколку потези целосно го исфрли од игра Вивијан, кој не се прослави на своето деби за „црвената фурија“. Откако имаше многу простор за размислување, Диаз испрати нафрлување, а на топката налета Даниел Муњоз кој со акробатски удар ја затресе мрежата на противничката селекција.

Во редовите на шпанската репрезентација вчера дебитираше и големиот талент на Барселона, Пау Кубарси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни