Поврзете се со нас

НБА

Кјубан: Дончиќ ја има харизмата на Меџик Џонсон

Објавено

на

Во месец декември е закажан стартот на новата сезона во НБА лигата, а еден од играчите од кого одново се очекува многу е Лука Дончиќ.

Дончиќ од 2018 година е во НБА лигата и иако има само 21 година веќе се наметна како лидер како играч кој е меѓу најдобрите во најсилниот кошаркарски шампионат. Тој во Далас Маверикс прави се што може, дава поени, асистира, собира скокови, носи енергија, па затоа клубот од Тексас минатата кампања ја заврши со учество во плејофот каде го препоти Лос Анџелес Клипет, тим кој важеше за Топ фаворит за титулата.

Првиот човек на Далас, Марк Кјубан е многу свесен што има во клубот, па уште еднаш испрати комплименти на адреса на Словенецот споредувајќи го со легандарниот Меџик Џонсон.

-Тој може да ја додаде топката, да гледа од врвот, да стигне каде што сака од теренот. Знае како да им додаде  на момците на време. Играч кој решава натпревари. Ќе преземе одговорност против секого и во секое време. Одличен соиграч. Забавно дете. Меџик ќе ги осветлеше работите со насмевка, Лука истото го прави за Далас. Тој ја има харизмата на Меџик Џонсон, -порача Кјубан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни