Поврзете се со нас

Европски првенства

Ќе го памети дуелот против Хрватска: Неповторливиот Карабатиќ испиша историја на Европските првенства (Фото)

Објавено

на

Никола Карабатиќ цели две децении води ракометни „војни“ против Хрватска и најчесто излегува како победник, а така беше и денеска на пресметката која двете селекции ја одиграа во Келн.

Во една супер партија на двата тима, Франција победи со 34:32 и ја запиша првата победа во втората фаза, но интересно судбината посака Карабатиќ токму против Хрватска да стане најдобар голгетер на Европските првенства.

Историскиот ден Карабатиќ го стартуваше со четири гола помалку од рекордерот Гудјон Валур Сигурдсон, но легендарниот бек постигна пет погодоци во мрежата на „коцкестите“ и со последниот во второто полувреме испиша историја.

Со вкупни 289 погодоци, Карабатиќ од денеска е најдобар голгетер во историјата на Европските првенства, оставајќи го зад себе Исланѓанецот.

На трето место е Микел Хансен од Данска кој зад своето име има 276 голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни