Поврзете се со нас

АТП

Кирјос: Постои само еден Мајкл Џордан во тенисот!

Објавено

на

Ник Кирјос како огромен фан на НБА лигата беше дел од „Courtside Huddle“ програмата која е крајно актуелна во Австралија, а иако главна тематика беше штотуку завршената сезона во НБА лигата во која нов шампионски прстен освои Лос Анџелес Лејкерс, контроверзниот тенисер направи и една интересна споредба меѓу двата спорта.

Кирјос е неверојатен тениски талент кој според многумина не може комплетно да го искористи поради својот проблематичен темперамент, па како играч кој има играно против тројцата најдобри тенисери на денешницата, се обиде да се вметне во дебатата кој е „GOAT“.

Федерер, Надал и Ѓоковиќ водат трка за тоа кој ќе биде запаметен како најдобар играч на сите времиња, но според Кирјос, за тоа прашање може да се даде одговор уште сега.

– Тоа што го прави Надал во Париз е неверојатно, навистина не бев изненаден колку лесно ги победуваше ривалите. Ролан Гарос и натаму останува негова дневна соба, ужива да игра на тој терен. Нема да видиме ништо слично во спортот како она со Надал во Париз, нестварна доминација на една подлога.

– Кога се во прашање најголемите на сите времиња, Надал е меѓу најголемите и за многумина ќе биде најголем. Други ќе речат дека тоа е Новак Ѓоковиќ, но јас не верувам во двете тези. За мене, Федерер е најголем во историјата, најдоминантниот играч на сите времиња. Постои само еден Мајкл Џордан во тенисот, а тоа е Федерер. Федерер е на нивото на Мајкл Џордан и заслужува таков статус. Играше врвно на сите подлоги и го игра овој спорт на поразличен начин од било кој друг тенисер. Затоа е специјален, – изјави Кирјос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни