Поврзете се со нас

Германија

Кимих за својот најубав гол во кариерата: Сите знаеме што прави Бирки (Видео)

Објавено

на

Џошуа Кимих ова попладне ги воодушеви фудбалските фанови со мајсторијата која ја изрежира на „Дер Класикер“ дербито, потег со кој буквално го реши натпреварот кој многумина го окарактеризии како клучен за титулата.

Баерн Минхен славеше со 0:1 на гостувањето кај главниот конкурент за титулата, па така сега Борусија Дортмунд ќе брка негатива од седум бодови во последните шест кола од Бундеслигата.

Германскиот првак допатува на „Сигнал Идуна парк“ со јасна стратегија да ги неутрализира брзите акции на домаќинот, а работата беше уште полесна за нив откако пред крајот на првиот дел, Џошуа имаше момент на инспирација.

Кимих со шмекерски удар го лобуваше Бирки и го надмудри првиот голман на „милионерите“, а по крајот на дербито, посочи дека токму ова била неговата намера.

– Знаеме што прави Бирки на голот, знаеме дека сака да биде доста понапред од гол линијата. Ова е најубавиот гол во мојата кариера и исто така е многу важен. Сите знаат колку се важни овие поени и сега имаме комотно водство на табелата. Ментално ќе биде многу тешко за Борусија, но не е крај. Треба и ние да ја довршиме работата на следните мечеви, – порача Кимих.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни