Поврзете се со нас

Свет

Каталонците ќе добијат нов тренер: Барселона „раскина“ со Пешиќ!

Објавено

на

Искусниот српски стручњак, Светислав Пешиќ повеќе не е тренер на шпанскиот гигант Барселона.

Оваа вест доаѓа самое ден ден откако каталонците загубија од Басконија на завршниот турнир во Валенсија и со тоа останаа без титула во Шпанија и во актуелнава кампања иако вложија многу средства, ангажираа познати имиња за да се оставрат успеси.

Наводно овој вчерашен неуспех не е поврзан со прекинот на соработката со Пешиќ, поточно според објавеното соопштение двете страни од претходно го договориле овој чекор.

-Пред да започне последната фаза на АЦБ во Валенсија, се согласивме со клубот дека ова ќе биде мојата последна сезона како тренер на тимот, бидејќи мојата работа веќе беше завршена и дојде време да му дадам на шанса на друга личност да ја преземе улогата.

-Горд сум на мојата работа и работата на играчите во текот на овие сезони и секогаш ќе бидам на располагање на Барса. Сакам да им се заблагодарам на навивачите и одборот за нивната поддршка и  посакувам успех на Барса, -вели Пешиќ кој во вториот мандат во оваа екипа освои два Куп трофеи во Копа Дел Реј.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни