Поврзете се со нас

Македонија

Кастратовиќ e минато, Бошковски седнува на клупата на Пролет

Објавено

на

Македонскиот ракометен прволигаш Тинекс Пролет во наредната сезона ќе биде предводен од нов тренер и тоа од Андон Бошковски.

Оваа вест ја соопшти клубот што е изненадуавње со оглед на тоа што тие минатата кампања ја завршија на третото место и тоа под тренерската палка на Зоран Кастратовиќ. Меѓутоа не дојде до продолжување на соработката меѓу Кастратовиќ и Пролет, па се отвори можност за Бошковски кој е добро познато име на домашната сцена со ангажмани во неколку клубови и во репрезентацијата.

Популарниот Доне потпиша двегодишен договор.

Воедно од Пролет му се заблагодарија на Кастратовиќ за одлично сработената работа и му посакаа успех  и среќа во натамошниот дел од кариерата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни