Поврзете се со нас

Шпанија

Касано се отвори за епизодата во Реал: Јадев директно од тегла, за седум месеци се здебелив 14 килограми

Објавено

на

Антонио Касано во својата кариера имаше можност да игра за големи клубови, фудбалски великани, а најголем од нив беше Реал Мадрид.

Италијанецот во 2006 година доби можност да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ каде официјално се задржа до 2008 година, меѓутоа тој негов период нема по добро да се паметите затоа што едноставно потона во Мадрид.

Касано е познат по тоа што секогаш отворено и директно говори, па така се отвори и за шпанската епизода притоа посочувајќи дека тогашниот спонзор на Реал, компанијата Нутела била негов главен проблем.

-Кога пристигнав во Реал Мадрид веднаш ослабев 12 килограми. Потоа дојде Канаваро и истите ги вратив. Еден од спонзорите во Реал Мадрид беше Нутел, и секој месец ни даваа по пет килограми. Кога Капело беше тренер дадов два гола на два натпревари и се чувствував како да сум крал на светот.

-Тој ме замени во првото полувреме против Лион и влегов во конфликт со него во Ксерез и ме исфрли од тимот. Се здебелив 14 килограми за седум месеци,. Јадев Нутела директно од тегла, за ништо не ми беше гајле, -откри Антонио за Бобо ТВ.

Касано за Реал настапи на 29 мечеви на кои даде 4 голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни