Поврзете се со нас

Боречки спортови

Каратистите на Макпетрол успешно го завршија и вториот дел од подготовките во Црна Гора

Објавено

на

Македонските репрезентативци членови на Карате клубот Макпетрол од Скопје успешно ги завршија и вториот дел од подготовките кои се зацртани со планот и програмата на кубот за учество на светската премиер карате лига во Лисабон, Португалија и европското сениорско првенство во Пореч, Хрватска.

Каратистите се вратија од еднонеделни подготовки кои ги направија во Подгорица, Црна Гора заедно со каратисти од комплетната репрезентација на домаќинот но овој пат и со репрезентативци од Украина, Босна и Херцеговина Косово и Албанија. Во периодот од 16-22.Април 2021 година

Овие подготовки се втора фаза во подготвителната тренажна периодизација која е осмислена од стратегот на клубот Бошко Заборски а директно на татамите ја спроведува натпреварувачот и тренер Петар Заборски, кој беше предводник на Македонските каратисти во Подгорица. На подготовките учествуваа : Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков, Глигор Петков, Абдурахим Идризи, Моника Пендаровска , Анѓела Мојсовска и Викторија Јовановска.

Петар Заборски тренер во Карате клубот Макпетрол, непосредно по враќањето од Подгорица изјави:-

-Во услови кога во нашата држава се засилија мерките за претпазливост поради Пандемијата, ние моравме да изнајдеме начин да не ја прекинеме нашата подготвителна програма. Затоа веднаш заминавме за Црна Гора, каде што со најелитни каратисти од Балканскиот регион и заедно со репрезентацијата на Украина, направивме извонреден тренинг камп, каде што имавме извонредна можност да ја проверивме нашата моментална форма.

-Формата ја темпираме пред се за светската лига во Лисабон, Португалија, каде сме пријавени за учество на  престижен турнир во организација на Светската карате федерација. Во Португалија ќе учествуваме со  4-ри каратисти од нашиот клуб, сите високо рангирани на светската ранг листа во своите тежински категории. За Лисабон-Португалија,  заминуваме во Четврток (29.04.2021 год и се до 03 .мај. 2021 год, на турнир од светската премиер карате лига ќе учествуваме: Петар Заборски-75 кг, Петар Спасеновски-84 кг, Абдурахим Идризи -60 кг и Мојсовска Анѓела -68 кг.

Исто така подготовките во Подгорица се значајни и за нашите репрезентативци кои ќе учествуваат во месец Мај на европското сениорско првенство кое ќе се одржи во Пореч, Хрватска.

После враќањето од Лисабон веднаш продолжуваме со припреми но сега домаќини ќе бидеме ние Карате клубот Макпетрол, и сега Црногорските репрезентативци ќе дојдат во Скопје заедно со нивниот селектор Жарко Ракович наш голем пријател и соработник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни