Поврзете се со нас

Лига Европа

Капитенот на Копенхаген му се обрати на Солскјер: Ти благодарам за се што направи… (Видео)

Објавено

на

Манчестер Јунајтед во текот на вчерашниот ден славеше победа против Копенхаген од 1:0 и со тоа се пласираше во полуфиналето од Лига Европа.

„Ѓаволите“ одиграа добар натпревар, но реализаторски не беа на висина на задачата, па истиот мораа да го решаваат по продолженијата каде Бруно Фернандеш погоди од пенал.

– Ти благодарам многу за се што направи во Манчестер, – му кажа Зека кој е Португалец, но игра за репрезентацијата на Грција.

На тоа Солскјер му одговори дека се труди да го врати Манчестер Јунајтед онаму каде што припаѓа.

– Се трудиме да го вратиме клубот. Тој [Бруно] ми помага. Ми се лути кога го вадам од игра, – се пошегува Оле, а Зека само му одговори на ист начин.

– Јас бев малку лут што не го извади од игра претходно, но добро- заврши Зека.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни