Поврзете се со нас

Репрезентација

Канатларовски повика 25 играчи за пријателскиот двомеч со Косово

Објавено

на

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Драги Канатларовски ќе смета на 25 играчи за два контролни натпревари против Косово кои на 16. и 18. декември ќе ги одиграме на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Првичниот план беше да играме со Црна Гора, но Црногорците го откажаа доаѓањето во Скопје, па Косово влета во оваа приказна.

– Наша цел е преку ваков тип подготовки и контролни натпревари да им дадеме шанса на фудбалерите од генерацијата 2002/2003 (генерација која ќе ги игра натпреварите во нашите следни квалификации за ЕП) да го покажат својот потенцијал и да не уверат дека имаат квалитет за настап во селекцијата до 21 година.

-Во суштина, ова е селекција до 20 години, многу значајна за нас бидејќи досега постојано се соочуваме со проблем откако една генерација ќе ја надмине возрасната граница. Тренинг кампот, секако ќе биде од корист за нас, да видиме со што располагаме и се надевам дека сите ќе бидеме на посакувано ниво и ќе ја оствариме целта. Најбитно за нас е да потврдиме дека во оваа група на фудбалери има квалитет и може да биде цврста основа за следните квалификациски предизвици,-истакна Канатларовски.

Ова е списокот на повикани фудбалери:

Голмани: Марко Алчевски (Академија Пандев), Иван Николовски (Беласица), Александар Анѓелкоски (Гостивар);

Одбрана: Антонио Јанкуловски (Вастра Фролунда, Шведска), Анатолиј Петејчук (Победа), Аган Мјаку (Гронинген, Холандија), Кристијан Тасевски (Аузбург, Германија), Уран Незировски (Хартберг, Австрија), Горазд Стојменов (Словачко, Чешка), Имран Фетаи (Гостивар), Виктор Крстевски (Пелистер), Андреј Стојчески (Академија Пандев), Решат Рамадани (Шкендија);

Среден ред: Иван Николов (Вардар), Димитар Тодоровски (Работнички), Алекс Златков (Триглав Крањ, Словенија), Кристијан Георгиевски (МТК, Унгарија), Лука Станковски (Работнички), Берат Калкан (Касимпаша, Турција), Бехар Фета (Воска), Леонит Игњатов (Скопје), Ване Крстевски (Академија Пандев);

Напад: Луан Абази (Вил, Швајцарија), Кристијан Малески (Струга Трим Љум), Филип Трпчевски (Хакен, Шведска);

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни