Репрезентација
Канатларовски повика 25 фудбалери за двата теста во месец јуни

Крајот на натпреварувачките сезони не значи и одмор за добар дел од фудбалерите, бидејќи средината на месец јуни носи репрезентативни обврски за голем број интернационалци.
Покрај стандардните квалификации за Европското првенство во сениорска конкуренција, овој јуни два меча ќе одигра и младата репрезентација, која закажа пријателски и контролни средби со Ерменија и Малта.
Селекторот Драги Канатларовски повика 25 фудбалери за овие два теста кои ќе се одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски“, првиот против Ерменија на 15-ти, а вториот против Малта на 20-ти јуни.
Голмани: Марко Алчевски (Академија Пандев), Иван Николоски (Беласица), Васко Василев (Рио Аве, Португалија), Стефан Тасев (Македонија Ѓ.П.);
Одбрана: Марио Ричков (Шкупи), Стефан Деспотовски (Работнички), Андреј Стојчевски (Жилина, Словачка), Имран Фетаи (Гостивар), Решат Рамадани (Динамо Киев, Украина), Виктор Крстевски (Гостивар), Методи Максимов (Шкендија), Михаил Димитриевски (Брегалница);
Среден ред: Мартин Талаков (Подбрезова, Словачка), Иван Николов (Брегалница), Хамза Рамани (Силекс), Алекс Златков (Шкупи), Димитар Тодоровски (Работнички), Димитар Трајков (Академија Пандев), Ване Крстевски (Академија Пандев), Берат Калкан (Касимпаша), Бехар Фета (Воска Спорт), Матеј Ангелов (Работнички);
Напад: Марио Илиевски (Кишварда, Унгарија), Христијан Малески (Струга Трим Лум), Луан Абази (Вил, Швајцарија).
– Овие две контролни средби против Ерменија и Малта доаѓаат во еден незгоден момент, кога сезоната завршува и играчите привршуваат со клубските обврски. Нема да има големи промени во состав во однос на претходните собири. Повикани се играчите кои во последната година со својата професионалност,одлучност и голема желба за борба и докажување се наметнаа во оваа генерација на Македонија.
– Во составот се враќаат Алекс Златков од Шкупи и Луан Абази од Вил, кои поради повреди во своите клубови на минатиот собир не беа во можност да се стават на располагање на репрезентацијата. Димитар Трајков, фудбалерот на Академија Пандев, роден 2004 година со своите игри во последно време на клупско ниво и постигнатите 6 погодоци заслужи да биде повикан на овие два контролни натпревари против Ерменија и Малта. Се работи за фудбалер кој игра на крилната позиција и покажува одличен квалитет.
– Очекувам сериозен пристап од моите фудбалери, иако се работи за пријателски натпревари. Ова се последни подготовки, очекувам сите поставени задачи од мене и стручниот тим да бидат исполните, особено во тактичкиот дел од играта. Оваа репрезентација покажа голем квалитет и голема разновидност во самата игра. Очекуваме многу од оваа генерација, играчите се свесни и подготвени да го дадат максимумот за остварување на успех на претстојните квалификации, – изјави Канатларовски.
-
Светпред 23 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 22 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 13 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 12 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
АТПпред 24 часа
Медведев: Логиката диктира, Алкарас ќе биде број еден до крајот на годинава
-
Англијапред 3 часа
Андерсен со мајсторија се погрижи за ужас на „Олд Трафорд“ каков што не се памети повеќе од три децении (Видео)
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг загуби уште еден играч и порача: Фудбалерите не можат да издржат
-
Англијапред 22 часа
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…