Поврзете се со нас

Германија

Кан: Левандовски останува, Баерн е голема сила…

Објавено

на

Роберт Левандовски и неговото можно заминување од Баерн Минхен понатаму е топ тема во германската фудбалска јавност.

Полјакот има уште една година од актуелниот договор, меѓутоа изрази желба да си замине од клубот затоа што му е потребен нов предизвик. Сепак управата на „баварците“ има сосема поинаков став и тоа уште еднаш јавно го искажа легендарниот Оливер Кан кој порача:

-Не станува збор за цена. Роберт има договор до 2023 година и ќе го исполни до крај, -рече Кан кој потоа говоеше за најавите на некои клубови дека ќе можат да му бидат конкурентни на Баерн.

-За мене приоритет се спортските резултати. Но без да се загрози економската стабилност. Во иднина ќе биде важно да се процени какви ризици може да преземе клубот за да не заостанува зад другите врвни тимови. Слушам некои луѓе сега велат: Ќе имаме шанса против Баерн. Можам само да им кажам дека за се ќе разговараме на крајот на следната сезона. Баерн не е и никогаш нема да стане развоен клуб. Сè уште сме голема сила. Има многу играчи кои умираат да играат со нас. Развојните клубови се принудени да ги продаваат своите најдобри играчи. Ние тоа не го правиме, -порача Оливер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни