Поврзете се со нас

Италија

Јувентус ја следи ситуацијата со Ѕаниоло, директор на Рома одби да го потврди неговото останување

Објавено

на

Николо Ѕаниоло е миленик на фановите на Рома, но таа приказна може брзо да заврши бидејќи младата ѕвезда на „волчицата“ се ближи кон крајот на договорот со клубот, без да прифати продолжување.

Јувентус ја мониторира ситуацијата со Ѕаниоло и сигурно ќе испрати понуда до агентот на фудбалерот, а новинарите кои имаат најмногу информации поврзани со „бјанконерите“ се убедени дека нема лесно да се откажат од оваа опција.

На денешната прес-конференција, генералниот менаџер на Рома, Тиаго Пинто рекол дека не може да гарантира дека Ѕаниоло ќе биде во истиот тим и следната сезона, а тоа дополнително ги подгреа шпекулациите за трансфер во Торино.

Ѕаниоло бил голем фан на Јувентус во детството и на почетоците на фудбалската кариера, нешто за што сведочат неговите објави на социјалните мрежи.

Договорот на овој фудбалер со Рома истекува во 2024 година, па „волчицата“ може да помине најдобро со негова продажба токму ова лето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни