Поврзете се со нас

Италија

Јувентус и Олимпик Марсеј разменија талентирани фудбалери

Објавено

на

Раководствата на Јувентус и Олимпик Марсеј постигнаа договор за размена на талентирани фудбалери, па деновиве се очекува комплетирање на договорите по вообичаените лекарски прегледи.

Во Јувентус треба да пристигне Марли Аке, 19-годишен крилен играч, кој сезонава беше дел од првиот тим на Олимпик, а забележа само девет настапи.

Во Марсеј пак ќе се пресели Франко Тонгја, италијански фудбалер со камерунско потекло, кој не добиваше шанса во вториот тим на Јувентус кој игра во Серија Ц, па реши да побара шанса во друга средина.

Тонгја е роден во Торино, а досега настапуваше и за италијанската репрезентација во сите младински категории. Се очекува двајцата фудбалери да ги минат прегледите најдоцна до среда, по што Аке веројатно ќе тренира со У23 тимот на Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни