Поврзете се со нас

Италија

Јувентус го промовираше скапоценото засилување: Влаховиќ четири години во Торино

Објавено

на

Од таборот на Јувентус и официјално го потврдија ангажманот на српскиот напаѓач, Душан Влаховиќ кој доаѓа во тимот како огромно засилување.

Влаховиќ уште утрово беше фотографиран во медицинскиот центар на Јувентус, а по успешното минување на прегледите следуваше ставање потпис на договор.

Сега веќе поранешниот фудбалер на Фиорентина потпиша четиригодишен договор со тимот кој во моментов се мачи да се врати на самиот врв на италијанскиот фудбал.

Во новиот клуб, Влаховиќ ќе го носи дресот со број 7 кој остана празен по заминувањето на Кристијано Роналдо од клубот.

Јувентус трансферот на Влаховиќ вреден 70 милиони евра плус бонуси ќе го исплаќа во следните три години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни