Поврзете се со нас

Балкан

Јончевски повторно ќе води клуб од Косово

Објавено

на

Александар Јончевски пред некое време ја заврши соработката со Кожув, но стратегот не чекаше многу за нов ангажман кој ќе го има надвор од нашите граници, поточно во Косово.

Јончевски во иднина ќе го води составот на Башкими кој нема добри резултати во досегашниот дел од шампионатот и со учинок 4-8 (победи/порази) е во долниот дел на прволигашката табела.

Ова за стратегот не е прва работа во Косово со оглед на тоа што во сезоната 2022/2023 ја водеше Трепча.

Во досегашната кариера има водено уште неколку македонски клубови, Спартак Суботица, а во моментов да не заборавиме е и актуелен  селектор на нашата сениорска репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни