Репрезентација
Јончевски по лудиот триумф во Нествед: Ова го забораваме во секунда, се ќе биде залудно…

Македонската репрезентација избори победа над Данска од 73:70 во првата средба од претквалификациите за Евробаскетот во 2025 година.
Драмата во Нествед ја реши нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ кој ги даде последните пет поени на средбата вклучувајќи ја тука лудата тројка од преку половина терен за славје на „црвено-жолтите“.
Селекторот Александар Јончевски е задоволен од остварениот триумф, залагањето на играчите, но според него мора веднаш да се заборави на победата, односно смета дека се ќе биде залудно ако за неколку дена не ја добиеме Словачка во Скопје.
-Работевме три недели за ова, од првиот ден од подготовките се спремавме само за овој меч за Данска. Од оние индивидуални карактеристики па се до најситните детали за противникот.
-Така и функциониравме на овој натпревар. Гледано индивидуално, во првото полувреме му дозволивме на нивниот прв поентер Љунберг да има само два поени реализирани во самиот финиш. Знаевме дека во второто полувреме повеќе ќе напаѓаат преку него, дека ќе биде ‘гладен за кошеви’. Колку можевме, на крајот кажува статистиката.
-Морам да напоменам и то дека многу голем дел од договарањето за тимска одбрана го спроведувавме одлично и во двата дела од играта. Да удвојуваме на низок пост, удвојување, сите барани детали ги реализиравме, -рече Јончевски и додаде:
-Нормално имавме и грешки, но верувам дека во деновите кои следуваат ќе ги поправиме. Со моите соработници ќе ги анализираме за што поспремни да го дочекаме неделниот натпревар со Словачка.
-Победата ја забораваме, што би се рекло, во секунда. Тоа веќе им го реков на играчите во соблекувалната, затоа што се ќе биде залудно, сиот овој труд вложен овде, ако не ја победиме Словачка во Скопје, славењето, макар и скромно, ќе биде во Нествед, и ќе биде доволно. Нè чека уште многу работа, -заклучи селекторот.
-
АТПпред 19 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
АТПпред 21 час
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 23 часа
Реал Мадрид во завршни преговори за засилување од Хетафе
-
АТПпред 20 часа
Алкарас се повреди и застана, Ѓоковиќ рутински до седмото финале во Париз
-
Светпред 16 часа
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
Шпанијапред 21 час
Реал се засили со соиграч на Димитриевски (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 18 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал
-
АТПпред 6 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!