НБА
Јокиќ на еден скок од нов трипл-дабл, Букер постигна 51 поен во три четвртини! (Видео)

Денвер и Феникс продолжи да редат победи во НБА лигата и рано утрово остварија убедливи победи, пред се благодарение на своите двигатели во играта.
Никола Јокиќ беше на еден скок од нов трипл-дабл учинок и запиша 17 поени, 12 асистенции и 9 скокови во победата од 120:100, додека Девин Букер беше шутерски расположен и постигна 51 поен во триумфот на „сонцата“.
Феникс го надигра Чикаго со 132:113 во натпреварот во кој Букер постигна шест тројки од само седум обиди, но поддршка имаше и од Ејтон кој зад своето име запиша 30 поени.
Уште пофасцинантно кај Букер е тоа што овој учинок го оствари во само три четвртини минати на паркетот, бидејќи беше одморен и воопшто не доби шанса во последниот период.
Со новите триумфи, двата тима остануваат на врвот на табелата на Западната конференција во НБА лигата, во која утрово беа одиграни уште други 11 натпревари.
Еве ги резултатите на истите:
Кливленд – Филаделфија 113:85
Орландо – Атланта 108:125
Бостон – Мајами 134:121
Бруклин – Вашингтон 113:107
Њујорк – Милвоки 103:109
Минесота – Мемфис 109:101
Њу Орлеанс – Торонто 126:108
Оклахома – Сан Антонио 119:111
Јута – Клиперс 125:112
Сакраменто – Индијана 137:114
Лејкерс – Портланд 128:109
🤯 51 PTS (20/25 FGM) | 6 AST | 6 3PM@DevinBook WENT OFF for 51 PTS in just 3 quarters of play! pic.twitter.com/BWd4Vs6y15
— NBA (@NBA) December 1, 2022
-
Светпред 18 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 22 часа
Неверојатни бројки зад името на Столе: Само еден голман во Ла Лига е подобар од Димитриевски (Фото)
-
Шпанијапред 9 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 17 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 18 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
НБАпред 9 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Англијапред 21 час
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
Шпанијапред 19 часа
„Марка“ демантира: Перез точно знае кога ќе одлучува за иднината на Анчелоти