Поврзете се со нас

Светски првенства

Јапонија ја потопи Германија за уште една мундијалска сензација (Видео)

Објавено

на

Германија имаше водство против Јапонија, но азискиот аутсајдер успеа да направи пресврт и да го совлада фаворитот со 2:1.

Гундоган реализираше од пенал за водство на Германците, кои пред крајот на полувремето накратко се израдуваа и на втор гол, кој оправдано беше поништен поради офсајд.

Јапонците го направија пресвртот во завршницата, резервистот Доан израмни во 75. минута, а осум минути подоцна, Асано го комплетираше пресвртот за конечни 1:2.

Поразот на Германија е веќе втора сензација на СП во Катар, откако Саудиска Арабија на сличен начин ја победи Аргентина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни