Поврзете се со нас

НБА

Јанис се огласи за болната вистина која тешко ги повреди НБА ѕвездите: Америка не е светот!

Објавено

на

Foto:twitter.com/Bucks

Ноа Лајлс отвори една дебата која донесе жестоки реакции во јавноста во САД, бидејќи најбрзиот човек на светот јавно ги прозва НБА ѕвездите кои сами се прогласуваат за светски шампиони по освоен шампионски прстен.

Лајлс ги обедини златните медали на 100 и 200 метри на Светското првенство во Будимпешта, а токму од Унгарија ја испрати пораката која стана вирална, а со која не се согласија најголем дел од познатите американски кошаркари.

– Една од работите кои најмногу ме болат е тоа што морам да ги гледам НБА финалињата и да гледам натписи за „светски шампиони“ на нивните глави…. Светски шампиони на што? Светски шампиони на Америка? Немој да ме сфатите погрешно, јас ја сакам Америка понекогаш, но тоа не е целиот свет. Тоа не е светот, ние сме светот кои сме тука на Светско првенство. Тука ја имаме речиси секоја држава како се бори, спортистите го претставуваат знамето кое го носат. Нема знамиња во НБА лигата, – заклучи Лајлс кој со оваа теорија отвори голема дебата во Америка, – гласеше изјавата на Лајлс.

Ноа наиде на сериозни напади во својата земја поради искрениот став кој го изнесе, но сепак има и такви кои се согласуваат со него, а еден од нив е Јанис Адетокумбо.

– Ноа доби многу критики за тоа што го кажа, а јас толку многу сакав да му дадам поддршка. Во ниту еден друг спорт не се нарекувате светски шампион после освоена титула. Ќе го земам за пример фудбалот, спорт кој е попопуларен и пораспространет од НБА лигата. Кога се освојува Лигата на шампионите, не станувате светски шампиони.

– Кога играте Светско првенство, тогаш може да бидете светски шампиони. Не велам дека постои кошаркарски тим кој ќе го победи Денвер како актуелен шампион, но треба да се покаже почит за сите. Јас може да кажам дека сум НБА првак, првак во Евролига, првак на Шпанија, Грција или Франција. Може ќе ме прозиваат и мене за ова што го кажувам, но не ми е гајле. Целосно се согласувам со она што го кажа Лајлс, – вели Јанис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни