Поврзете се со нас

НБА

Избрани се резервите за Ол-старот во Кливленд

Објавено

на

Оваа година Кливленд е домаќин на Ол-стар викендот во НБА лигата, а секако најзначајниот настан е битката на ѕвездите која е секогаш во последниот ден од програмата.

Пред неколку дена беа објавени имињата на стартерите во тимовите предводени од Леброн Џејмс и Кевин Дурент за да сега сите тренери во лигата ги изберат резервите за овој натпревар или поточно по седум од секоја конференција.

Кога е во прашање Истокот селектирани се Џими Батлер од Мајами Хит,  Зек Лавин од Чикаго Булс, Џејмс Харден од Бруклин Нетс, асот на Бостон Селтикс Џејсон Тејтум, Крис Мидлтон од Милвоки Бакс како и Дариус Гарланд од Кливленд Кавалирс и Фред ВанВлит (Торонто Репторс) кои за прв пат добиваат шанса да играат на Ол-стар.

На Западот пак го имаме дуото на Феникс Санс Девин Букер и Крис Пол, потоа најдобриот играч на Далас Маверикс Лука Дончиќ, Дрејмонд Грин од Голден Стејт Вориорс, центарот на Јута Џез Руди Гобер, „волкот“ Карл Ентони Таунс и бекот Донован Мичел (Јута Џез).

Од стартерите и од овие резерви Леброн и Дурент ќе состават екипа, во случај да некој од овие имиња да не може да настапи комесарот Адам Силвер ќе ја избере неговата замена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни